ВМРО-ДПМНЕ блокира крстосници и ќе протестира пред Министерство за правда


 

Три раскрсници во Скопје ќе блокира ВМРО – ДПМНЕ денеска,  во знак на протест против притворите определени за пратеници, уметници и други граѓани, поради учество во насилството во Собранието од 27 април. Во 18 часот приврзаници на партијата ќе протестираат пред Министерството за правда.

Блокади од 15 часот до 17 часот ќе има на крстосницата кај „Мавровка“, крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во општина Карпош и крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

„Монтираниот случај за наводен тероризам против 36 македонски патриоти е целосно неоснован и е со цел заплашување на секој еден кој се решил да крене глас против оваа недемократска власт. Целата држава е ставена под контрола на власта, медиумите се притиснати, а граѓаните во страв. Додека се продаваат националните интереси и се спроведуваат штетни политики власта го дефокусира народот со разни спинови, лаги и конструкции. Селективноста на власта се гледа во пуштањето на убијците од Смилковско езеро на слобода, додека во исто време ги затвори 36-те македонски патриоти“, соопштија од партијата. .