ВМРО – ДПМНЕ: Централен комитет во сабота, Конгресот во Валандово


ВМРО – ДПМНЕ задутре ќе го оддржи седница на Централниот комитет, на кој ќе се официјализира оставката на лидерот Никола Груевски и ќе се започне со процедура за избирање негов наследник, брифираат извори од најголемата опозициска партија во земјава. Ќе следуваат две недели за собирање потписи за кандидатури и презентирање на програмата за на 23 декември, на Конгресот што ќе се оддржи во Валандово, да се одбере новиот претседател на партијата. Според нашите извори, Груевски дефинитивно се повлекува, а како негови наследници се споменуваат Христијан Мицковски, Антонио Милошоски, Илија Димовски и Никола Тодоров.