ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира пред затворот во Шуто Оризари
Денес со почеток во 18 часот ќе се одржи протест пред Истражниот затвор во Шуто Оризари како поддршка за неправедно притворените лица за настаните во Собранието на 27 април.
Протестот е во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
По апсењето на 24 лица во вторникот рано наутро, ВМРО-ДПМНЕ протестира пред Кривичниот суд. На овие протести присуствува и лидерот на партијата, Никола Груевски.