ВМРО-ДПМНЕ се сели на терен


Транспарентно носење на одлуките и постојано присуство на терен, најавил новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски, на денешната средба со претседателите на општинските комитети на партијата.

На состанокот присуствувале и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и генералниот секретар Игор Јанушев.

Како што соопштија од партијата, била разгледувана политичката состојба во државата, внатрепартиските состојби и активности, а имало и размена на мислења и сугестии за понатамошното делување.

Мицкоски посочил, меѓудругото, дека стандардот на граѓаните е загрозен и дека владата демонстрира неспособност со справување на економските предизвици.

„Беше посочено дека очекувањата на граѓаните се изневерени и дека постојат сериозни предизвици во повеќе сфери и области, вклучително и здравството, образованието, земјоделието. Политичкиот прогон продолжува, а партискиот реваншизам по инстуциите станува основно средство за дејствување на власта.Беше истакното дека државата бележи застој и во реформските чекори врзани за евроатланските интеграции во клучните области: судството, борбата против корупцијата, медиумската свера, екононскиот сектор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Како што посочуваат од опозициската партија, биле разменети мислења и ставови во однос на понатамошното делување, при што било заклучено дека продолжи процесот на транспарентно одлучување од важност за партијата и нејзиното членство и постојана присутност на терен меѓу граѓаните.