ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ уште еднаш ја погази демократијата


 

СДСМ уште еднаш ја погази демократијата во Македонија, а Заев уште еднаш ги излажа македонските граѓани и го погази ветувањето за задолжителен референдум. СДСМ повторно покажа самоволие и непочитување на парламентарната демократија, соопштија од ВМРО – ДПМНЕ.

„Свесни за штетноста на капитулантскиот договор и свесни дека договор за промена на уставното не е прифатлив за граѓаните, насила, и со тешка манипулација преку двосмислено референдумско прашање се обидуваат да го протуркаат. СДСМ брутално ја гази демократски воспоставената практика, формулацијата на референдумското прашање да биде резултат на консензус помеѓу сите релевантни политички партии. СДСМ со вака формулираното референдумско прашање го прекрши Законот за референдум, односно членот 15 каде се вели дека „Прашањето на гласачкото ливче мора да биде прецизно формулирано и недвосмислено, така што граѓанинот на референдум да може да одговори со „ЗА“ или „ПРОТИВ“. Додека се обидуваат насила да протуркаат еден катастрофален капитулантски чин, СДСМ и Зоран Заев спроведуваат невиден грабеж во државата. За само една недела тие се обидоа да украдат 45 милиони евра пари на граѓаните, а за оваа цел ги искористија Фондот за иновации и Министерството за здравство“, се вели во партиското соопштение.