ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од избори


СДСМ се плаши од избори. Зоран Заев знае дека ќе ги изгуби парламентарните избори и сака да владее уште две години на штета на државата и граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев е свесен дека не ужива поддршка кај граѓаните кои се незадоволни од неговите антидржавни политики кои ја понижија државата на меѓународен план и придонесоа за колапс на економијата и затоа се плаши да излезе на  избори. ВМРО-ДПМНЕ ја уверува власта дека и покрај постоењето на техничка влада, реформските процеси кои се потребни за наша интеграција во ЕУ  ќе бидат спроведувани и имплементирани, тоа не е и не може да биде изговор за власта.Штетите кои ги предизвика СДСМ врз државата се преголеми. Изборите ќе стават крај на една двегодишна апатија и тонење. Време е СДСМ да се охрабри и да го стави државниот пред партискиот интерес“, се наведува во соопштението на партијата.