ВМРО-ДПМНЕ свикува Конгрес на 23 декември


ВМРО-ДПМНЕ на 23 декември ќе го свика партискиот Конгрес на кој ќе се разгледува оставката на партискиот претседател Никола Груевски, вечерва јавија повеќе медиуми.

Никола Груевски во петокот во интервју за порталот „Курир“ најави дека ќе поднесе оставка пред партиските органи.

„Независно каков ќе биде резултатот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам оставка пред органите на партијата. Партијата, во согласност со Статутот, ќе организира вонреден конгрес, на кој, освен извештајот за анализата на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Груевски во интервјуто.

Груевски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ од 2003.