ВМРО-ДПМНЕ прими осум пријави за претседател на државата


Заврши рокот за пријавување на кандидати за претседател кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ на претстојната конвенција на партијата во Струга, која ќе се одржи на 16 февруари. До архивата на партија пристигнати се 8 кандидатури, но конечниот број на апликанти ќе биде познат деновиве со оглед на фактот дека дел од апликациите, би можеле да стигнат и по пошта.

Сите кандидатури  дополнително ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за проверка на законски предвидените услови, а потоа, најдоцна до вторник ќе бидат соопштени и имињата на кандидатите.

Влатко Ѓорчев и Гордана Силјановска се најсериозни кандидати за вмровски фаворит за наследник на Ѓорѓе Иванов.