ВМРО-ДПМНЕ: Оливер Спасовски веднаш да си поднесе оставка


СДСМ и Оливер Спасовски се обидоа да сокријат убиство. Преку нивните медиумски перјаници се обидуваат да ја изманипулираат јавноста дека ништо не се случило. Бруталната ликвидација ја квалификуваа како насилство,се вели  во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„МВР и Оливер Спасовски грозоморниот чин за малиот 21-годишен, веќе починат за жал, Никола Саздовски – Саздо се уште се обидуваат да го минимизираат. Нема информации во јавноста каде е третиот сторител, ниту дали некој воопшто го бара. Нема потерница од страна на МВР, нема ништо. Кого кријат и кого штитат МВР, СДСМ и Оливер Спасовски Кому му одговара нарушена безбедносна состојба и меѓуетнички тензии помеѓу граѓаните? Дали несреќната и тажна судбина на 21-годишниот Никола Саздовски – Саздо ќе биде само уште еден заташкан случај, како изминатите 10-тина случаеви коишто јавноста можеше да ги види откако е СДСМ на власт изминативе година дена? На местото на малиот Никола можеше да биде било кој. Нечиј син, нечиј внук, нечиј братучед, пријател, другар“, се наведува во сооштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ Оливер Спасовски не е способен за функцијата на која што е поставен.

„Предупредувавме дека политиката што ја води СДСМ и коалицијата која што ја направи со криминалот и подземјето, наместо да ни донесе живот, таа ќе не чини живот. За жал, тоа и се случи изминативе година дена. Нивната политика не чини човечки животи. Никола Саздовски беше момче кое што за жал го плати данокот на животот кој ни го донесе СДСМ заедно со криминалот и подземјето. Ова мора да престане и за ова мора да има одговорност веднаш. Мартин Јанушев брутално убиен со огнено оружје пред својот дом. Убиецот е на слобода. 17 годишен член на „Комити“ беше прободен на постојката Рекорд пред само три или четири месеци. Јавноста се уште не е информирана за случајот каква разрешница има“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат веднаш Оливер Спасовски  да си поднесе оставка заедно со сите функционери во МВР кои учествуваа во прикривање на случајот.