ВМРО-ДПМНЕ не се враќа денеска во Собрание


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да се вклучи во работата на парламентот. Оваа одлука, како што јавува МИА, била донесена предмалку – на координативен состанок со партискиот врв.

Се очекува, претседателот на партијата Христијан Мицковски да ја образложи одлуката на прес конференција попладнево.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ подолго од еден месец не учествуваат во работата на законодавниот дом, по изречените притвори за настаните на 27 април минатата година. Праксата што ја почна претходниот лидер Никола Груевски, ја продолжува и неговиот наследник Мицкоски, кој, инаку, не е пратеник. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се подготвени да се вклучат во реформскиот процес, ама очекуваат владејачкото мнозинство да обезбеди, како што велат, демократска атмосфера во парламентот.