ВМРО-ДПМНЕ маршира кон Владата


Од Министерството за правда тргна денес протестната поворка на ВМРО-ДПМНЕ низ скопските улици, кон која се прилучија многумина функцвионери, членови и симпатизери на партијата.

Протестантите се движат кон зградата на владата на Македонија, а маршот го предводи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски. Во првите редици на протестите се и генералниот секретар на опозициската партија Христијан Мицковски, пратениците Антонио Милошоски и Крсто Јовановски, поранешниот владин портпарол Александар Георгиев…

Овој протест беше најавен минатата недела, кога Едмонд Темелко беше пуштен во домашен притвор и беше одложен протестот што требаше да се одржи истиот ден. Денешниот марш, сепак, се совпадна со револтот што ВМРО-ДПМНЕ го искажува секојдневно пред повеќе институции од областа на правосудството, како реакција на апсењето на нејзини функционери и поддржувачи за случувањата во парламентот на 27 април.