ВМРО – ДПМНЕ маршира во Струмица


Опозициската ВМРО- ДПМНЕ го почна мирниот протестен марш во Струмица.

„Заев со леснотија се откажа од целокупната историја. За жал човекот кој денес е премиер, нема чувство за припадност и потврди дека Република Македонија не му значи ништо. За да престанат штетите, Заев треба да замине од власта која не ја заслужува“, се наведува во соопштението на партијата со кое ги повикаа граѓаните да им се приклучат.