ВМРО-ДПМНЕ и денес ќе блокира крстосници и ќе протестира


ВМРО – ДПМНЕ денес од 15 часот до 17 часот ќе блокира крстосници во Скопје, а во 18 часот ќе протестира пред Министерството за правда.

Партијата најави дека ќе ги блокира крстосницата кај „Мавровка“, крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во општина Карпош и крстосницата кај „Рампа“ во Кисела Вода.

„Монтираниот прогон против 36-те недолжни граѓани, меѓу кои актери, уметници, архитекти, пратеници и полициски службеници со накалемено дело тероризам има за цел да го замолчи македонскиот народ, кој треба да остане нем набљудувач на раскрчмувањето на државата. Неосновано е обвинението за тероризам, за кое се обвинуваат овие 36 луѓе, неоснован е прогонот против луѓе кои целиот свој живот не извршиле кривично дело. Хунтата тоа го знае, но нема друг начин за заплашување на граѓаните освен преку монтирани случаи да ги носи по затвори. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на улиците се додека овој реваншизам и тенденциозен атак не престане“, соопштија од партијата.