ВМРО-ДПМНЕ: Истрагата по интервјуто на Јеремиќ е доказ дека нема правен систем


За ВМРО-ДПМНЕ, отворената предистражна постапка „по допрен глас“ за перење пари на македонски функционери во Србија е уште еден доказ дека во Македонија нема правен систем и правда која е подеднаква за сите, туку партиско политички прогон.

Оттаму наведуваат неколку примери, за кои што велат дека имало обвинувања против функционери, ама Обвинителството не покренало постапка.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат што е можно побргу Јавното обвинителство да излезе со информација за оваа предистражна постапка за да може потоа да се процесуира случајот и против Вук Јеремиќ и против сите медиуми блиски до власта, кои, според партијата, ја злоупотребуваат оваа изјава заради нарушување на честа и угледот.

Обвинителството покрена предистражната постапка по изјавата на поранешниот српски министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, која се однесува на перење пари во Србија од страна на високи македонски функционери и нивна поврзаност со физички и правни лица во Србија и Чешка.