ВМРО-ДПМНЕ: Имињата на Чавков, Илиевски, Дурловски, Дамовски и Јовановски ќе бидат запишани со златни букви


„Публиката во МОБ вчера го скандираше името на Игор Дурловски, а не името на џелатот Зоран Заев и извршителите во неговата хунта. Како што минува времето со сè поголема гордост ќе се изговараат имињата и на Владо Јовановски, и на Борис Дамовски, и на Богдан Илиевски, и на Митко Чавков и на шесте пратеници и на сите останати неосновано и неправедно обвинети и притворени од оваа антидржавна власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нивните имиња ќе бидат запишани со златни букви во македонската историја, а џелатите ќе завршат на црните страници, како и многумина претходно и идните генерации ќе се срамат од нив. Идните генерации ќе ги запаметат и ќе се срамат и од џелатите обвинители и судии кои без поговор му служат на Заев“, се вели во партиското соопштение.

Хунтата, велат од ВМРО-ДПМНЕ, го контролира целиот правосуден систем во државата.

„Одлуката на Апелациониот суд за потврдување на притворите на осомничените патриоти во констриураниот случај со измислено обвинение за тероризам е доказ дека судовите работат под притисок“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Сега се гонат 36 искрени патриоти, велат од партијата, а утре ќе се гони секој еден кој ќе се спротистави на некој претставник на хунатата.

„Секој е на мета на оваа недемократска власт. Граѓаните не се должни да го трпат овој терор и насилие. ВМРО-ДПМНЕ застанува со граѓаните во одбрана на Уставниот поредок, правото и правната држава. Остануваме на улиците се до конечното враќање на демократијата и владеењето на правото. Република Македонија ќе биде држава со еднакви услови за сите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.