ВМРО-ДПМНЕ: Заев посакува нов 27 април за да може да се прогласи за жртва


Зоран Заев на најподмолен начин посакува и создава насилство во државата. Тој капитулацијата која што ја потпиша сака да ја покрие со сценарио во кое ќе вовлече недолжни граѓани во насилство и потоа ќе ги обвини дека ја рушат државата. Всушност Зоран Заев посакува нов 27-ми април за да може подоцнa себе си да се прогласи прво за жртва, па потоа за наводен спасител и за тоа на крај да го обвини ВМРО-ДПМНЕ. Тој посакува сите кои што се противат на неговото капитулантско дело, огромното мнозинство, чесни граѓани да ги означи за радикални елементи, екстремисти и насилници, иако овие луѓе тоа не се. Преку насилство сака да се задржи на власт, истакна Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Настаните вчера пред Собранието на Република Македонија беа дел од свесно и смислено сценарио исклучиво на власта. Зад таквото дело не стои друг туку самата власта. Власта свесно предизвика нереди, инциденти и потоа уште еднаш ја злоупотреби македонската полиција. Колатерална штета се недолжни граѓани, возрасни луѓе, новинари, жени, за жал и мали деца. Повторно видовме слики и бевме сведоци како власта удира по својот сопствен народ. Целта е граѓаните да се дисциплинираат, исплашат и дистанцираат. Зоран Заев да се прикаже за конструктивен фактор, додека сите други кои се противат на неговото капитулантско дело, за радикален елемент и на тој начин да бидат деградираат“, рече Димовски и додаде:

„Власта всушност највеќе посакува насилство, кое инаку не смее да се случи. Сакаат на тој начин да ги компромитираат сите демократски методи и мерки, вклучително и правото на мирен протест кој секој еден од нас го има, вклучително и во иднина тоа да не се практикува. Сакаат граѓаните да ги доведат во една нова апатија, додека тие продолжуваат со понатамошното опустошувањето на државата. Ова е патот на власта да ги компромитира мирните и демократски методи. И тоа вчера беше мал дел од тоа на што се е спремна власта да прави. ВМРО-ДПМНЕ сакаат свесно да ја вовлечат во ова сценарио, за да потоа ја оцрнат и прикажат за радикален елемент, за да може пред меѓународната и домашна јавност да ја деградираат во борбата против капитулантското дело за промена на уставното името на Република Македонија од страна на Зоран Заев“.

Димовски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ останува со народот.

„ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на борбата против картелот на власт и оваа капитулантска и неспособна влада. Зоран Заев ќе падне, а Македонија ќе победи. И ќе ве потсетам уште еднаш дека брзо ќе дојде времето кога секој еден од тие што сте се огрешиле кон државата и кон народот за велепредавството и за се она друго што го правите спротивно на интересите на државата и на народот, ќе одговарате и пред институциите и пред народот“, рече Димовски.