ВМРО-ДПМНЕ: Владиниот економски тим нема капацитет


 

Тешка криза и се заканува на Македонија со црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски кога сметаат дека нешто сработеле со срамниот раст на БДП од 0,1 отсто, оценија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, економијата доживува колапс.

„Растот во првиот квартал од 2018 година во соседна Србија и во Словенија е 4,6% или за 46 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот на БДП во Бугарија е 3,5% или за 35 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот во Хрватска е 2,5% или за 25 пати поголем споредено со нашиот раст. Загрижува и разочарува раст на БДП од 0,1 % кога во исто време стапката на инфлација изнесува 1,5 што значи дека граѓаните се се посиромашни од минатата година“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.