ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ја манипулира јавноста со парите на граѓаните


Владата на СДСМ ја манипулира целата јавност и тоа со парите на граѓаните. Заев има потреба да лаже и поразот да го претстави како успех, а за тоа ги злоупотребува уметниците. Промената на името и бришењето на македонската историја, традиција и култура, Зоран Заев сака да го претстави како најдобро решение, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бурните реакции во јавноста се само доказ дека граѓаните се чувствуваат навредени. Колатерална штета, замислете, испадна само целата уметничка естрадна фела. Сведоци сме на изјави на дел од музичарите кои биле договорени да настапат, кои јавно кажуваат дека биле изманипулирани и излажани и воопшто не им било кажано дека настапуваат на прослава за промена на името, НАТО и ЕУ. Ако СДСМ се подготвени да лажат за договарање на артисти за настап, замислете за што се се подготвени да лажат и манипулираат за многу поголеми работи кои што ни претстојат во наредниот период и иднина“, се наведуваа во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ бара од Владата веднаш да одговори: Kога е распишана јавната набавка за прославата и кој владин орган стои како организатор на истата прослава?

-Која е фирмата која ги изнајмува бините, озвучувањето и осветлувањето и колку пари чини истото, бидејќи парите се даваат од џебот на граѓаните?

-Колку чини ангажманот на артистите кои што беа изманипулирани од страна на владата?

-Бидејќи сумата очигледно е огромна штом се крие од страна на владата, дали е влезена во Буџетот планиран за 2018, а ако не е од што ќе се пренаменат средства за да се плати и финансира оваа прослава?

„Излажаа за прославава, излажаа за 500 евра плата, излажаа за влез во ЕУ и НАТО, излажаа дека нема да се менува Уставот. Сушат лажат за се и сешто. На граѓаните и на Република Македонија воопшто не им е до славење. Македонија е вратена илјадници чекори назад, не сме ни блиску до влез во ЕУ и НАТО и на крајот сме лидери единствено во криминал, корупција, убиства. Оваа Влада веќе наликува на циркус. Затоа мора веднаш да падне и да си замине. Доста е од лаги, доста е од враќање илјадници чекори назад“,стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.