ВМРО-ДПМНЕ: ВИП кабините беа промовирани уште во 2011 година


ВМРО-ДПМНЕ рагира на објавата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов дека ги открил ВИП кабините на жицарницата од Водно.

Тие велат дека ВИП кабините се промовирани уште во 2011 година.

„Жичарницата на Водно е изградена и пуштена во употреба во јуни 2011 година, и ВИП кабините се ставени во употреба и презентирани уште пред 6 години и тое се достапни за граѓаните кои ќе изразат интерес. Тој наместо со проекти се занимава во откирвање на топла вода“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму порачуваат Шилегов треба да престане со неговата дрегер политика на манипулации кои нема да ги решат проблемите на скопјани и да започне да работи она што е негова обврска.

„Нека ги засука ракавите и нека почне да работи она за што го плаќаат скопјани. Еден месец по неговиот избор за градоначалник нема ниту една суштинска мерка за почист воздух и нема ниту еден сегмент од неговата стратегија за чистење на воздухот“, му порачата опозициската партија на скопскиот градоначалник.