Влатко Ѓорчев на средба со портпаролката на Трамп


Еден од претседателските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, кој е во САД бидејќи е поканет да присуствува на традиционалниот појадок во Вашингтон со американскиот претседател, се сретна со Сара Сандерс, портпаролка на Доналд Трамп.

„Денес имав можност да се сретнам со Сара Хакаби Сандерс, портпаролка на Белата куќа на претседателот на САД, Доналд Трамп.

За Македонија е важно да има отворени врати во Вашингтон. Секое пријателство и средба е можност да се кажат македонските аргументи.

Македонија мора да гради силни сојузништва. На тој начин ги подобруваме позициите на Македонија“, напиша Ѓорчев на својот профил на Фејсбук.