Влада: Државата има капацитети да спроведе референдум


Кога и да има значителен исчекор кој ќе води кон референдум за името, државата има доволно капацитет да одговори содветно и сите институции ќе го дадат максимумот во рамки на законската регулатива, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на прашање дали од Владата има иницијатива за пополнување на испразнетите места во Државата изборна комисија, со оглед на информациите за одржување референдум.

На темата референдум, според Бошњаковски, моментно нема разговори меѓу премиерот Зоран Заев и коалицискиот партнер од ДУИ Али Ахмети.

– Референдум треба да има, самиот процес е во тек, а разговори во моментов на оваа тема нема, наведе Бошњаковски.

Независен весник во денешниот број објави дека во почетокот на март се очекува да биде комплетиран новиот состав на Државната изборна комисија.

Целосниот текст може да го прочитате ТУКА.