Владата ја усвои Стратегијата за реформа на правосудството


На денешната седница Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за подготовка на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) со Акциски план.

Со оваа предлог стратегија се даваат насоки, правци за подобрување на целокупниот правосуден сектор преку надминување на постојните недостатоци како од нормативен така и од институционален карактер, соопшти владината прес-служба.

Стратегијата е проследена со Акциски план што содржи активности, мерки и рокови со чие спроведување се очекува да се достигне крајната цел на стратегијата – враќање на довербата во институциите преку обезбедување на правна сигурност и пристап до непристрасна и квалитетна правда за граѓаните.

Нацрт-Стратегијата пред да биде доставена во владина процедура за нејзино усвојување, беше во три наврати доставена на мислење до Европската Комисија