Владата повикува на одговорно однесување за името


Во овие моменти не треба да се подлегнува  на шпекулации. Одговорното политичко однесување на сите политички фактори во двете земји е од најголема корист и во интерес на изнаоѓање решение, реагираат високи извори од македонската влада. Реакцијата доаѓа по информациите од функционери од грчката влада дека Македонија и Грција се одалечуваат од договор за името во следните денови.