Владата наскоро ќе донесе одлука за преименување на аеродромот и автопатот


Со одлука на Владата која треба да биде донесена наскоро ќе се изврши преименувањето на скопскиот аеродром и на автопатот, што беше најавено по средбата на премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во Давос.

– Ќе треба да се донесе одлука на Влада и тоа ќе се случи во наредниот период, наскоро, рече Бошњаковски, не прецизирајќи време.

Заев во Давос најави дека во знак на добра волја и затоплување на односите со Грција, Македонија ќе ги промени имињата на аеродромот и меѓународниот автопат кој ќе се именува „Пријателство”.