Владата им забрани на ЕЛЕМ нови инвестиции


Владата му забрани на АД „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) да почнува нови инвестиции надвор од основната дејност на компанијата

На денешната седница, Владата донесе одлука ЕЛЕМ да не почнуваат никакви инвестициски активности за проекти надвор од основната дејност, а непочнатите проекти да не влегуваат во инвестиционата програма за 2018 година.

Како што е соопштено, Владата ѝ наложува на компанијата да се испита и можноста за раскинување на склучените договори за кои не е почната реализација, во случај да не постојат финансиски импликации.