Вип.Оне: Прекин на оптички кабел причина за падот на мрежата


Преку мрежата на мобилниот оператор Оне.Вип попладнево повеќе од еден час не можеше да се воспостави  повик.

Од Оне.Вип информираат дека поради прекин на главни оптички врски се соочиле со глобален проблем кој се манифестирал со неможност за остварување повици и проблем со користење интернет.

– По брзата интервенција на екипите на Оне.Вип говорните услуги за корисниците функционираат без пречки и се вратени во нормала. Во моментов интензивно се работи на отстранување на потешкотиите со употреба на интернет услугите – информираат од Оне.Вип.

Од Контакт-центарот на Агенцијата за електронски комуникации велат дека операторот е должен да го извести регулаторното тело за причините за прекинот во мрежата во рок од 24 часа.