Викендов почнува големата преселба на Кривичен суд


Викендов почнува големата преселба на Кривичниот суд од старата во новата зграда. Процесот, на селење,  како што кажа на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, ќе трае десетина дена.

По целосната преслеба, сите судења од надлежност на Кривичниот суд ќе се одржуваат во новиот објект.

Во старата зграда ќе биде преселено Одделението за прекршоци кое досега беше сместено во бараките во Градскиот парк.

Новиот објект на Кривичниот суд официјално беше пуштен во употреба на 31 март годинава. Новата зграда има 25 судници и многу подобри услови за работа.

Изградбата на новата зграда на Кривичниот суд во Скопје почна во мај 2010 година.