(ВИДЕО) Јункер се тетерави, Заев го придржува да може да оди


Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер беше повеќе од расположен, па македонскиот премиер Зоран Заев му помагаше додека оди, за време на самитот на НАТО во Брисел. Повеќе странски медиуми го објавија видеото на кое се гледа дека Јункер не може лесно да се движи и пишуваат дека бил под дејство на алкохол. На истото видео се гледа како Заев се обидува да му помогне полесно да се движи.