(ВИДЕО) Собранието беше обоено во портокалово


Независен.мк се вклучува со поддршка за кампањата „Да го обоиме светот во портокалово: Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата“ или „Вклучи се. Со срце за секоја една“.

Затоа симболично се обојуваме во портокалова боја тука и на социјалните мрежи на нашиот медиум.

Годинешната кампања ќе трае 16 дена до 10 декември кој е Меѓународен ден на човековите права.

Во тој период ќе се одржат низа активности посветени на „Да го обоиме светот во портокалово: Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата“, како што вчеравечер зградата на Парламентот беше осветлена во портокалово.

Лица од различни занимања ќе постираат пораки против насилството за да ја покажат својата поддршка на социјалните медиуми, како и организирање низа дебати и работилници ширум земјата.

Портокаловата боја е избрана за ова прашање за да симболизира посветла иднина без насилство врз жените.