ВИДЕО: „Скромниот“ Груевски во 2012 се одмарал на Сејшелите


Во бурата реакции по објавата за бегството на Никола Груевски до редакцијата на НОВА стасаа видео снимки од анонимен дојавувач како илустрација за како што се наведува во пораката демагогијата на поранешниот премиер кој на јавноста и се претставуваше како скромен човек посветен на работата за доброто на државата.

Неговото бегство овие денови ја отвори и дилемата за неговата имотна состојба која е се уште непозната за јавноста. Државните институции во изминатиот период направија низа на пропусти меѓу кои и таа да воспостават контрола и увид во имотната состојба на поранешниот премиер обвинет за повеќе кривични дела меѓу кои и такви кои укажуваат на сомневања за нелегално стекнување на финансиски капитал.

Неговото бегство во Унгарија е сериозна индиција дека Груевски располага со суми на пари кои ги надминуваат праговите на легално стекнат капитал од редовни примања на еден премиер.

Овој видео материјал е снимен во 2012 година кога Никола Груевски тогаш премиер на Р. Македонија престојувал на егзотичните Сејшели сместен во хотелски комплекс каде што според нашите сознанија едно ноќевање чини повеќе илјади долари. Овие снимки ја откриваат приватноста на Груевски, но за редакцијата на НОВА се релевантни само како доказ за демагогијата на неговата ПИ АР стратегија пред јавноста да се прикаже како скромен човек посветен само и само на македонската кауза како што самиот вели во неговиот последен пост на ФБ во кое ја информира јавноста дека се наоѓа во Будимпешта. /НОВА