(ВИДЕО) Седум повредени патници во несреќата на автопатот Скопје-Тетово


По тешката собраќајка несреќа што се случи попладнево на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарце се упатени осум возила на Брзата помош од Скопје. Екипи на Брза помош на местото пристигнаа и од Тетово, Гостивар и Куманово.

Од Здравствен дом -Скопје велат дека седум патници се повредени во несреќата и со амбулантни возила се однесени во Ургентниот центар. Од Ургентниот центар засега не потврдуваат дали има жртви. Тие велат дека ги примаат повредените во центарот.