(ВИДЕО) Рускоска: Има пропусти за бегството на Груевски


Обвинителката Вилма Русковска во интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат рече дека се води предистрага и наскоро очекува да се отвори истрага за нарачателите и организаторите на упадот во Собранието на 27 април.

Таа го посочи телефонскот разговор на Нинџа со неговиот брат, дел од обезбедувањето на екс-премиерот Никола Груевски, кој во тоа време беше во Виена и дека после него започнала организацијата на обвинетите за упадот и насилството.

Истакна дека се уште нема информации како е избеган Никола Груевски и дека ќе ги добијат снимките од камерите на граничните премини во Црна Гора, додека се уште се чекаат оние од Албанија.

Русковска вели дека меѓудругото, со постапката се истражува и одговорноста и пропустите на институциите кои се вклучени во овој случај.

-Лоцираме евентуална одговорност на институции, а паралелно со тоа се обидуваме да го дознаеме движењето на на Никола Груевски, пред и за време на бегството, вели Русковска.