Видео од поединечното гласање во Собранието


По целодневна неизвесност, пратениците со 80 гласа „за“ и 39 „против“ го изгласаа владиниот предлог за пристапување кон уставни измени.

Пратениците првично гласаа електронски и при гласањето, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа „против“ станаа и во собраниските клупи останаа само пратениците кои гласаа „за“ да се поддржи предлогот за отворање на Уставот.

На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа пратениците се изјаснуваа и поединечно за иницијативата за почеток на уставните измени.