(ВИДЕО) Никола Тасев предлага Љубчо Георгиевски да се врати како привремен лидер на ВМРО-ДПМНЕ


Да се врати Љубчо Георгиевски како привремен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, предложи синоќа Никола Тасев од ВМРО-НП на дебатната емисија Клик плус на ТВ 21.

Тој вели дека како докажан демократ, Георгиевски треба да се врати за 12 или 16 месеци. Според него, една од најголемите грешки на ВМРО-ДПМНЕ е упадот во Собранието.

Јове Kекеновски за актуелното раководство вели дека го губи авторитетот и дека немаат ниту 2.000 луѓе на протест.
Илија Илиовски од реформаторите изјави дека Груевски и тие околу него треба да си направаат нова партија, а партијата да ја остават на членството.