(ВИДЕО) Невреме во Скопје: Град, дожд и силен ветер


На социјалните мрежи граѓаните објавија повеќе видеа од невремето проследено со дожд, силен ветер, град и грмотевици што денеска го зафати скопското подрачје.

Од УХМР информираат дека ветерот достигнува повремено брзина и над 80 киломери на час.

Нестабилното време се движи од запад кон исток и на север. Во попладневните часови ќе се преместуваат кон исток. Попладне процесите ќе бидат поинтензивни и локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

До среда условите за нестабилност ќе има претежно во западните делови, но тие ќе бидат намалени. Од среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Утре ќе биде малку посвежо, а потоа до среда дневните температури ќе бидат во пораст. Од четврток повторно ќе биде посвежо