(ВИДЕО) Моника Ристеска осудена на 2 години условна казна


Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Таа призна вина и посочи дека се кае.

Условната казна од 2 години затвор ќе ѝ се изрече  доколку во наредните 5 години таа  стори друго кривично дело.

– „Се чуствувам виновна за делото што ми се става на товар. Точно е она што е наведено во обвинителниот акт. Во перидот од 2017-2018 година неовластено држев и продавав марихуана и хашиш смола, на начин како што е наведено во обвинението. Премногу се каам за тоа што го направив. Се заколнувам и ветувам дека никогаш нема да го направам истото и да сторам вакво кривично дело. Се каам од дното на моето срце и душа за делата што сум ги сторила. Најмногу сакам да се извинам на државните институции, а најмногу на судот, на ЈО, на полицијата, на моето семејство и сите мои мили сограѓани кои се почувствувале трогнати поради моите непромислени вулгарни постапки“, изјави Ристеска, пренесе Mакфакс.

Моника Ристеска пред осум месеци објави видео на кое пуши џоинт во нејзиниот дом. Таа е голем поборник за легализација на марихуаната и постојано објавувал видеа и материјали за канабисот.