(Видео) Мицкоски „актер“ во видео-спот


Видео-спот во траење од неколку минути снимил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој го објави спотот на својот фејсбук профил, без појаснување по кој повод се решил на ваков начин да ги критикува политиките на владејачката гарнитура.
Во спотот Мицковски повторно бара предвремени избори, за, како што вели, „народот да одлучи“.

„Економијата тоне. Владата ништо не работи и само повторува лаги.Македонија оди во погрешна насока.Покрај национална ни претстои и економска катастрофа, затоа се потребни избори.Народот да одлучи. Избори.Нека изгрее зората на слободата“, вели Мицкоски.