(ВИДЕО) Мајмире ќе ве расплаче: Вредност е да израснеш и да воспиташ мало душиче


Мајмире е мајка која згрижила дете и зборува во кампањата на УНИЦЕФ „Семејство за секое дете“. Целта на кампањата е да привлече лица или семејства кои ќе ги згрижат децата што ќе излезат од големите и нефункционални институции.

Таа родила пет деца, но само едно ѝ преживеало. Згрижила девојче кое кога го зела имало сплескана глава, искривени нозе и не можело да оди.

– Само со гушкање, понекогаш и по 30 пати на ден, само тоа ја спаси. Едно душиче да израснеш, да го воспиташ, да стане нешто од него. Ако направиш вила, зграда, дали ќе има вредност? Не. А земи дете, исчувај, воспитај, школувај.. тоа дете уште 20 ќе повлече по себе кога ќе дојде на функција – вели Мајмире.

Од почетокот на кампањата, на телефонската информативна линија за згрижувачи се регистрирани 128 јавувања. Има по 60-тина повици во просек во неделата. Најголем број заинтересирани граѓани се од Скопје, кои информацијата за кампањата ја добиле преку медиумите или социјалните мрежи.

Погледнете го видеото: