(Видео) Заев: Ве повикувам во сабота на 14 јули, да прославиме заедно


Денес, од НАТО Самитот во Брисел, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, даде кратка изјава пред почетокот на работната програма. Премиерот Заев истакна дека од денес, Македонија оди само напред, а граѓаните нижат уште еден голем успех.

„НАТО одлучи да ни биде врачена поканата да станеме 30-та членка на Алијансата. Ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји членки во светот. Ова е покана за полноправно членство во водечкиот сојуз за мир и безбедност на меѓународната сцена. Дочекавме уште еден голем ден. Ги остваруваме нашите заеднички стратешки цели, нашите заеднички основи и надежи. Да продолжиме да чекориме до следната голема одлука кога повторно ќе кажеме Да, за нашата иднина. Да, за македонската иднина. Ве повикувам во сабота на 14 јули, да прославиме заедно низ градовите во Македонија“, истакна Заев.

Владата подготвува прослави во 15 градови.