(ВИДЕО) Епилог од Тимјаник: Колете нè, бесете нè, овде дом ќе нема!


Министерката Мила Царовска не ги убеди жителите на Тимјаник да дозвплат во селото да се направи мал групен дом за децата со посебни потреби. На тензичната средба што заврши предмалку, тие побараа кај нив да одат премиерот и градоначалникот на Неготино.

– Колете нè, бесете нè, во затвор носете нè, овде таков дом нема да правите. Имам еден хектар нива на крај од Тимјаник, ви ја давам, таму правете – ѝ предложи жител на селото на Царовска.
Тие прво бараа градинка, но сега не се согласуваат ни за тоа. Не сакаат Дом за овие лица дури ни ако истовремено им се гради градинка.

Царовска најави нова средба набрзо.

(С.С.З.)