(ВИДЕО) Груевски на шопинг во Будимпешта


Унгарскиот портал 444.hu објави видеоснимка од македонскиот експремиер Никола Груевски, како шета во трговскиот центар „Вест енд сити“, кој е лоциран во центарот на Будимпешта на популарната улица Ваци.

„Во сосема празен трговски центар, сè беше веќе заклучено, тој одеше смирено“, вели читателот на 444.hu кој им ја испратил снимката.

Груевски побегна во Будимпешта во ноември минатата година и го избегна издржувањето на затворската казна од две години, колку што беше осуден во случајот „Тенк“ за незаконска набавка на службениот „мерцедес“.