(ВИДЕО) ГАСТРОМАК: Македонија го освои светскиот кулинарски крем


И по повеќе од месец и половина, организаторите и учесниците сè уште ги средуваат впечатоците од Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017.

Преку видео ретроспектива од настанот во Хотелот Вила Парк во Струмица, може да погледнете што се случуваше на петдневната светска кулинарска манифестација, која што се одржа на крајот на октомври.

Над четиристотини врвни кулинарски имиња како судии и натпреварувчи, преку илјада подготвени рецепти на традиционални и модерни јадења и, секако, многу позитивна енергија – беа личната карта на годинешната манифестација.