(Видео) Во Тел Авив поставени „зомби семафори“
Тел Авив постави семафори на земја, за да им помогне на пешаците чие внимание е одвлечено од мобилните телефони, безбедно да ја преминат улицата.
Општината инсталира таканаречени „зомби семафори“ оваа седмица за да ја намали опасноста автомобил да налета на невнимателни пешаци.
Томер Дрод од општината Тел Авив-Јафа, задолжен за одделението за управување со сообраќај, рече дека целта е намалување на несреќите предизвикани од „пешаци сосредоточени на своите мобилни телефони, а не гледаат во сообраќајот околу нив“.
Слични системи веќе се користат во Австралија, Сингапур и Холандија. Светилките за сега се вградени само на една крстосница во центарот на Тел Авив, но општината има намера да постави вакви семафори и на други места, ако се покажат како делотворни.