(ВИДЕО) Автобус се преврте на автопатот Скопје-Тетово, има повредени


Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Скопје-Тетово, после Карпалак. Според првичните информации автобусот на компанијата „Дурмотурс“ кој сообраќал од Скопје кон Тетово преминал на другата коловозна лента и се превртел на кровот на друг регионален пат, а има информации и дека му пукнала гумата.

Во автобусот имало најмалку 50 патници и сите се повредени, но уште не се знае дали имаа загинати. Во моментов бројни екипи на брза помош се упатуваат од Скопје и Тетово, а испратени се и противпожарни екипи. Автобусот е на гостиварска фирма кои пренесува патници кои од Тетово и Гостивар работат во Скопје.