Вечерва седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува седница во партискиот штаб.

Седницата е свикана откако неделава Груевски најави дека планира да поднесе оставка од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во петокот во интервју за порталот „Курир“ најави дека ќе поднесе оставка пред партиските органи, но не се знае дали тоа е темата на вечерашниот состанок.

Седницата почна веднаш по завршувањето на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата.