Весели: Договорот Скопје-Атина е чин кој е храбар, правичен и корисен за целиот регион


Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели го поздрави договорот кој денеска го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со кој се стави крај на долгогодишниот спор за името меѓу двете земји.

Спикерот на косовскиот Парламент порача дека тоа што го направија денеска Скопје и Атина придонесува за мирот и стабилност во целиот регион.

– Честитки за потпишувањето на историскиот договор за името на Македонија, еден храбар и правичен чин, кој придонесува не само за подобрување на односите меѓу двете земји потписнички, туку и за мирот и стабилноста на целиот регион. Посебно ме радува за нашите сонародници кои живеат во соседната држава. Поради фактот дека патот кон евроатлантските интеграции сега веќе е деблокиран, напиша Весели на Фејсбук.

Претходно, по постигнувањето на договорот меѓу премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, честитки до Скопје и Атина упатија и другите државни лидери, како и водачи на некои од опозициските партии од Косово.