Васко Наумовски на координативна средба за преговорите со Нимиц


Премиерот Зоран Заев одржа координативен состанок со амбасадорот Васко Наумовски пред почетокот на новиот циклус состаноци со медијаторот Нимиц.На средбата присуствуваа и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, како и министерот за надворешни работи Никола Димитров. притоа е констатирано дека за средбите на медијаторот Метју Нимиц со амбасадорите Наумовски и Василакис, кои се закажани на 11 декември, е постигната позитивна клима и во Македонија и во Грција.

Во разговорот е оценето дека за решавањето на оваа прашање од особена важност се инклузивноста, како и потребата од кохезивност во ставовите за ова прашање од врвен национален интерес за Македонија.