Вартоломеј и Јеронимос разговарале за МПЦ-ОА


Македонскста православна црква и црковното прашање биле една од темите за кои разговарале поглаварот на Грчката православна црква архиепископот Јеронимос и Вселенскиот патријарх Вартоломеј на нивната денешна средба во Атина.

– За време на средбата беше разговарано за прашањата што се однесуваат на расколничката црква на Скопје, барањето автокефалност од црквата на Украина, а ги споменаа и двајцата грчки војници кои се во притвор во Одрин, соопштуваат од атинската архиепископија.

Како штој јави МИА од Атина, Вселенскиот патријарх по средбата со Јеронимос ја посети претседателската палата и се сретна со грчкиот претседател, а по 45 минутната средба со Прокопис Павлопулос, Вартоломеј се сретна и со премиерот на Грција, Алексис Ципрас.

Средбите на Вселенскиот патријарх Вартоломеј со архиепископот Јеронимус, со претседателот Павлопулос и со премиерот Ципрас, се одржуваат на само неколку дена по соопштението од Вселенската патријаршија дека „во рамките на надлежностите и прерогативите на Вселенскиот патријарх, ќе биде разгледано и ќе се преземе она што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија“.