Вардар се излеа во Скопје (ВИДЕО)


Реката Вардар е пред излевање во центарот на Скопје, покажуваат фотографиите што граѓаните ги споделуваат на социјалните мрежи.

Медиуми јавуват дека е поплавен скејт паркот и дека реката се излеа и пред пешачкиот мост кај Владата.

Според најавите на УХМР, дождот ќе продолжи и се очекува излевање на Радика, Црн Дрим, Сатеска и Вардар.

Во делови од земјава ќе наврнат и по 60 литри дожд на метар квадратен.