Вакцините со погрешна декларација не биле уништени


Министерството за внатрешни работи го известила надлежниот јавен обвинител дека во просториите на фирмата „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и оти тие се уште не се уништени.

„Надлежниот јавен обвинител веднаш издаде наредба за обезбедување на вакцините за потребите на евентуална идна постапка. Вакцините ќе бидат попишани и обезбедени, а ќе останат во просториите на ‘Македонија лек’, бидејќи таму има соодветни услови за нивно чување. Проверките во предметот отворен по допрен глас продолжуваат до целосно утврдување на фактичката состојба“, соопшти Обвинителството.